ФОТО: Македонските цариници открија бункер со злато во автобус

Во близина на Велес, мобилен царински тим откри бункер полн со злато ова утро при рутинска контрола на турски автобус кој сообраќал на редовна линија Истамбул – Гостивар. Претходно автобусот влегол во државата од Грција преку граничниот премин Богородица.

 

Под компресорот за клима уредот, во држачот за истиот е откриен специјално изработен бункер за криумчарење стока од каде се извадени 28 опаковки со 104 златни алки со вкупна тежина од околу 1,5 кг.

 

 Македонски државјанин  кој во автобусот вршел должност на стјуард изјавил дека златото е негово.

 

 Случајот е предаден на Одделението за истраги кои во моментов вршат распит.

 

 Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

 

 

 
 
18.11.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега