Од утре пообилни врнежи и заладување

Пообилни врнежи од дожд, најавуваат за утре метеролозите, особено во северозападниот дел на Македонија, а од среда на повеќе места. 

Се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен воден талог. На повисоките планини се очекуваат врнежи со повремен снег. 

Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и кон крајот на работната недела дневната температура ќе се движи од 6 до 13 степени.

Стабилизирање на времето се очекува за време на викендот.

 
 
23.11.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега