Страшна сообраќајка ги разбуди жителите на Кисела Вода

Страшна сообраќајна несреќа утрово ги разбуди жителите на скопската населба Кисела Вода. Според информациите кои ни ги прати читател, утрово на булеварот Борис Трајковски се случила сообраќајка во која мотор загубил контрола, најверојатно поради влажните коловози. Според информациите од читателот, мотоциклистот веднаш бил пренесен во болница со возило на Брзата помош, а засега не се знае во каква здравствена состојба е. Од моторот не останало ништо, делови се разлетани на улицата. Полицијата се уште е на местото на настанот и врши увид. Повеќе детали се најавени за подоцна.

 
 
27.11.2015 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега