Јолевски и генералот Величковски на средба со поранешните министри и генерали

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денеска остварија работен ручек со поранешните министри за одбрана и генерали во Армијата на Република Македонија.

Јолевски наведе дека на денешната средба заедно со началникот ќе информираат за реализација на досегашните и идните планови во поглед на модернизацијата на Армијата, за подобрување на стандардот, квалитетот и обуките за припадниците на АРМ. Министерот Јолевски додаде дека на состанокот ќе се разговара и за подготовката за Самитот на НАТО во Варшава кој ќе се одржи во јули наредната година.

На новинарски прашања за актуелната состојба со мигрантите и ангажирањето на резервниот состав на Армијата, министерот Јолевски посочи дека сегашната ситуација не побарува дополнително ангажирање на резервниот состав и дека Армијата е подготвена да се соочи со сегашните предизвици. Во однос на прашањето на мигрантите, тој одговори дека опремата за биометриска регистрација е пристигната и дека ќе биде предадена на Миниистерството за внатрешни работи, во чија надлежност е регистрацијата на мигрантите.

Првиот министер за одбрана, Трајан Гоцевски, изјави дека потребно е следната година да бидеме поканети во НАТО алијансата, со што ќе се реализира еден од најзначајните столбови на нашата политика за национална безбедност.

– Ние досега вниманието го насочувавме кон мисиите за зачувување на меѓународниот мир, сега е дојдено време да разговараме и за опремување и оспособување, кондиционирање на нашата Армија за да може да се справува и со одредени домашни предизвици, истакна првиот министер, Гоцевски.

Овој работен ручек се одржува традиционално секоја година во Домот на АРМ. Целта е да се разговара за реформските процеси во 2015 година како и плановите за 2016 година.

 
 
16.12.2015 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега