Единствени на светот сме ние: Македонците и Србите два пати си ја честитаат 2016 година

Сигурно ве интересира зашто само Македонците и Србите двапати си ја честитаме 2016 година. Иако како праволсавни верници Нова година ја дочекуваме и по јулијанскиот календар, односно ноќта меѓу 13. и 14. јануари, а по грегоријанскиот календар  Нова година како да бледее во последно време. 

Прославата за Православната Нова година поворно стана актуелна после падот на комунистичкиот режим, 90-тите години од минатиот век. 

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

 
 
13.01.2016 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега