Исплата на дел од штетите од ланските поплави во Струмица

Преку Општина Струмица денеска ќе биде исплатен дел од надоместокот за штетите од поплавите на 23, 24 и 30 јануари 2015 година.

Според секретарот на Општина Кирил Парталов, со три милиони денари ќе бидат опфатени 52 барања, само за штети направени врз објектите за домување и покуќнината, пренесува МИА.

Во наредниот период исплата ќе има и за жителите на село Раборци за штетите предизвикани во 2010 година, со надомест за 15 отсто од штетите.

Општинската комисија за проценка на штети, пресмета дека ланските поплави од јануари предизвикаа штета од 60,8 милиони денари кај граѓаните, како и 34,7 милиони денари кај правните лица.

 
 
14.01.2016 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега