Од наредна недела кочан ладно - температурите под минус 15

Времето ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува засилен северен ветер, повремено на места со брзина до 80 км/час.

Минималните температури ќе се движат од минус четири до два степени. Дневната температура ќе се движи од минус пет до два степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и студено со температура од минус еден до минус два степени.

Од утре се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.

 
 
17.01.2016 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега