На 3 август на Градиште - најдобрата журка летвото
На 3ти Август(сабота) во Охрид, на 2ра плажа-Градиште, се случува Викенд журка! Со почеток од 23:00h најавена е пет часовна журка со Слаткаристика, Дј Ник Капа, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози и други. Покрај нашите домашни артисти, кај нас за прв пат настапува Газда Паја со неговата хит песна “Чке Београдске” и Дј Ник Капа со светски познатата “Summer love” трака.
Слаткаристика за своето учество на овој настан изјави- “Охрид е екстра место за забава и едвај ја чекам оваа Викенд журка. Тука се моите луѓе, Дј Ник Капа за чии хитови се изненадив, а Газда Паја сакам ептен да го видам со настап на неговата “Чке Београдске”, дечкото гази! Сигурно ќе си поминеме супер!”
Вечерта во Охрид ќе има и организиран превоз до плажата Градиште, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во предпродажба низ продажната мрежа на Мк Тикетс, веќе од овој петок.
За време најзабавниот Викенд во Охрид не ја пропуштајте Викенд журката на летото, во сабота на 3ти Август во Градиште!