Заев: Граѓаните да не паѓаат на провокации

Апелирам до сите граѓани да не потпаднат на провокации, а исто така апелирам до носителите на ваквите одлуки да не прават чекори што ќе предизвикаат провокации кај граѓаните. Овој апел е до сите граѓани без разлика на верската, националната и на партиската припадност, изјави Зоран Заев, лидерот на СДСМ во врска со најавените протести околу поставувањето на крстот во Бутел, пренесе Плусинфо.

 Поставувањето на споменикот со црн двоглав орел во Топанско поле, и поставувањето на 51 метарскиот крст во Бутел според лидерот на СДСМ Зоран Заев е веќе видено и смета дека владејачките партии повторно пред избори ги заземаат своите националистички позиции.

- Сакам да испратам порака до граѓаните да не потпаднат под никакви провокации, од било кој. Јавно ги осудувам поделбите и начините со кои се предизвикуваат какви било поделби, по било која основа во Македонија. Најмалку се потребни такви нешта сега. Ова личи само на поттикнување на провокации, да не дозволиме да го изгубиме тоа на кое сите заедно му се радуваме. Само заедно и сплотено можеме да ја градиме нашата иднина во нашата држава - нагласи Заев. 

 
 
03.03.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега