ОЈО: Предадена е севкупната документација за „Пуч“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во денешното соопштение наведува дека ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите​.

- Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој​ било предмет што не е во негова надлежност, се вели во соопштението.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Специјалното јавно обвинителство, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот.

 
 
03.03.2016 - 12:14
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега