Пукање и филмска бркотница - Грк направи хаос во Македонија

Десетина минути пред 2 часот по полноќ, на магистралниот од селото Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на возило „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки. На оваа наредба возилот не застало, но по втората наредба за запирање возилото застанало и во моментот кога полициските службеници се доближиле до него, возачот го стартувал возилото наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полициски службеник. Поради заплашување и запирање на возилото, друг полициски службеник испукал еден куршум во воздух со службено формациско оружје.

Драмата ја направил грчки државјанин, 58-годишниот К.Л. од Лерин. На полицискиот службеник му е укажана лекарска помош по што е пуштен на домашно лекување. Во текот на денот грчкиот државјанин со соодветна пријава ќе биде предаден до Основното јавно обвинителство - Охрид.

 
 
10.03.2016 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега