Уште една несреќа во Македонија

Во 18 часот на магистралниот пат Струмица-Гевгелија, на местото Паркинг Монтенегро се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од 31-годишниот С.Н. и  возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од 33-годишниот М.Ш. од село Средно Коњари.

Според податоците од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ш. и сопатникот во патничкото моторно возило, 23-годишниот М.Б. од скопското село Орланци, кои по укажаната лекарска помош во болницата Велес се пренесени во Клиничкиот Центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Валандово.

 
 
26.04.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега