Почнува судењето за Ќелија

Во скопскиот Кривичен Суд денеска започнува судењето за случајот Ќелија, за лица обвинети дека учествувале во паравоена, параполициска странска формација.

Обвинителниот акт е против пет лица, откако за време на јавната седница за оценка на обвинението шестмина обвинети од групата го признаа делото и така се  спогодија со обвинтелството, пишува Алфа. 

За потсетување, големата антитерористичка акција „Ќелија“ го откри гнездото за регрутација на борци за ИСИЛ од Македонија. Лицата се сомничат за организирање и врбување на поединци да заминат во паравоените формации на блискиот исток, но и за учество во силите на ИСИЛ. Приведените се на возраст од 19 до 49 години. Речиси сите биле повратници од борбите во Сирија а зад себе имале и криминали досиеа.

Акцијата беше спроведена во август минатата година и ја потресе македонската јавност.

 
 
27.04.2016 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега