Тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево-Гостивар - три лица итно на Ургентен

На магистралниот пат Кичево-Гостивар синоќа околу 23 часот се случи сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобија три лица. 

Во несреќата се судриле патничко моторно вило „БМВ“ со кичевски регистерски ознаки управувано од Ф.С.(23) од кичевското село Бериково  и „Голф“ со кичевски регистерски ознаки управувано од А.Е.(19) од село Зајас.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила како и сопатникот од голфот А.Ј.(23) од Зајас, кои по укажаната лекарска помош во МЦ-Кичево, а поради сериозноста на повредите возачите биле префрлени на Ургенцен центар во Скопје, додека сопатникот бил префрлен во Болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршиле Јавното Обвинителство и увидна екипа од Полициската станица во Кичево.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
29.04.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега