Тешка сообраќајка на патот Ресен -Прилеп - тешко повредени две лица

Вчера  во 05.50 часот на патот Ресен-Прилеп, кај Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода во која И.К.(22) од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки изгубила контрола над истото, излетала надвор од патот и се превртела. 

Како што информираат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ј.(26) од Битола, а додека И.К. се здобила со телесна повреда . Истите биле пренесени и задржани на лекување во Клиничка болница-Битола.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Битола.

 

 
 
01.05.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега