Ограбени цркви и манастири за Велигден

Вчера околу 11 часот во Полицијата Штип било пријавено дека во временскиот период од 18:30 часот на 2 мај до 9:30 часот на 3 мај непознат сторител со употреба на сила ја отворил влезната врата на црквата „Св.Илија“ во село Аргулица-Штип, влегол внатре и од иконите одзел околу 5.000 денари. 

Исто така на 3 мај во 20:30 часот во Полицијата Штип било пријавено дека ноќта помеѓу 2 и 3 мај непознат сторител со употреба на сила ја отворил вратата на манастирот „Света Тројца“ лоциран во населбата Баби,  влегол внатре и од иконите одзел околу 1.000 денари. 

 

 
 
04.05.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега