Тешка кражба во Скопје - крадецот си заминал со богат плен

Пред два дена во периодот од 18:00 часот до утредента во 10:30 часот во Скопје на улила „Црвени Брегови“, во куќата сопственост на лицето Ш.Р. (56), непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршено пребарување одзел околу 28.000 денари, 2.500 евра, златен накит и сребрена плоча, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.05.2016 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега