Хорор: Скопјанка се породила во тоалет и го фрлила бебето
Скопјанка направила вистински хорор откако родила бебе и го фрлила во тоалет. Се работи за 23-годишната Т.И. од Скопје која веќе била во 7/8 месец од бременоста. Таа претходно била лекарски контролирана, а и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија.
Девојката околу 11 часот и 30 минути на „Табановце“, додека чекала за пасошка контрола, почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во тоалетот се породила, по што го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето.
Откако од персоналот на граничниот премин било откриено телото на новороденчето настанот бил пријавен во СВР Куманово и по интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а скопјанката на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. вештачења.
Меѓу другото според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа