Крвава драма со трагичен крај: Скопјанец почина по инцидент во дискотека

30-годишен скопјанец дивеел во ноќен клуб. Според податоците од полицијата, се работи за С.Р. кој во 04 часот пред ноќниот клуб  „Мистик“, го пресретнал 30-годишниот С.Б. исто така од Скопје и по кратка расправија поради тепачка физички го нападнал оштетениот удирајќи со тупаници по телото и главата.

Несреќниот скопјанец паднал на бетонскиот дел во бесознание и се здобил со тешка телесна повреда во вид на фрактура во предлот на главата.

С.Б. од задобиените повреди починал на Клиника за Неврохирургија при Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје. 

 
 
12.05.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега