Лежел пред „Деспина" во локви крв - детали за кобната тепачка во Скопје
Насилникот кој направи крвав хорор пред ноќниот клуб Мистик, сам се пријавил во полициска станица. С.Р. кој го претепа 30-годишниот Славе Бирачевски, кој по два дена почина на Клиниката за Неврохирургија, сам го признал делото.
Како што пишува Дневник за крвавиот настан, двајцата околу 4 часот по полноќ се скарале во клубот, по што Славе го напуштил местото на настанот. Потоа одејќи на улицата забележале тепачка, а насилникот ги пресретнал и им се спротивставил. Кога се вратиле во клубот, ги пресретнал С.Б. и почнал да го удира сега починатиот со клоци и тупаници по телтоо и главата.
Од ударите Славе паднал и останал да лежи целиот крвав во безсознание.
Иако лекарите дале се од себе, животот на младото момче згасна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа