Страотна сообраќајка во Тетово: Еден куп повредени, меѓу нив мало дете

Нема крај на сообраќајните несреќи во Македонија. Вчера во 13 часот и 45 минути на локалниот пат за селото Фалише во Тетово, Форд управуван од 17-годишен малолетник се судрил со друг автомобил марка Опел, управуван од 34-годишниот З.Б. од селото Стрименица.

Во незгодата, возачот на „Опел Вектрата“ и неговата сопатничка Р.Б.(38) се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на скопските Клиники. Со тешки телесни повреди задобило и 6-годишно девојче од истото возило. Тоа со  скршеница на рамо е задржано во тетовската болница за натамошно лекување.

Исто така, во тетовската болница задржани се уште три сопатници од истото возило на возраст од 30, 32 и 37 години кои се здобиле со телесни повреди.

Полицијата извршила увид.

 
 
17.05.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега