МВР со детали за страшната сообраќајка: Починал на лице место - браќата тешко повредени
На магистралниот пат Свети Николе-Куманово синоќа околу 23 часот и 40 минути се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел кадет“ со кумановски регистерски ознаки управувано од 55-годишниот Горан Д. во кое сопатници биле неговите браќа, 53-годишниот С.Д. и 38-годишниот Н.Д. од засега непознати причини преминал на другата коловозна лента и удирил во четири возила кои биле пакирани во близина на ресторан.
Тројцата биле префрлени во Болницата Куманово каде од страна на лекар кај Горан Д. била констатирана смрт. С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиниките во Скопје. И другиот брат, Н.Д. се здобил со телесни повреди.
По наредба на Јавен Обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Куманово.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа