Бизарна несреќа во Македонија: Го спржила струја на пруга
Бизарна несреќа во Македонија за време на викендот. Вчера во 13 часот и 50 минути на железничката пруга Зелениково-Велес, поточно кај железниот мост на Кадина река, 58-годишниот А.М. од Скопје движејќи се покрај пругата, со рибарска трска го допрел електричниот вод по што добил струен удар и се здобил со повреди во вид на опекотини во пределот на телото.
Истиот бил пренесен во Ургентен центар-Скопје и за среќа сега е надвор од животна опасност.
Железничкиот сообраќај бил во прекин на тој дел од пругата од 13 часот и 50 минути до 15 часот и 40 минути додека полицијата вршела увид.
Се работи на целосно расветлување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа