Серија претреси на Економскиот факултет: Кривична за еден демонстратор и за сопственикот на бифето

Вкупо 13 претреси се врштат во рамките на полициската акција „Еразмус“ во која се осомничени осум лица од кои петмина се професори на Економскиот факултет во Скопје. Седум од претресите од наредба на судот се вршат во приватни станови, четири по професорски кабинети,  а претреси се вршеле и во студенското бифе како и во канцеларијата на студенските прашања при Економскиот факултет. Како што неофицијално дознава Прес24  од извори од истрагата меѓу осумината  пријавени,  шестмина се професори од кои едниот е високо позициониран член на МАНУ. Меѓу пријавените е и еден демонстратор, како и сопственикот на бифето на Економскиот факултет. Сите се сомничат за серија кривични дела од областа на корупцијата. Како што веќе објавивме станува збор за примање и за давање поткуп, противправно посредување и злоупотреба на службената положба и овластување. Веќе е приведен поранешниот декан на Економскиот факултет Бобек Шуклев, а по останатите се уште се трага. 

 
 
06.06.2016 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега