НОВИ ДЕТАЛИ: Полицијата приведе 5 лица на Економскиот факултет

Петмина од осуммината осомничени во случајот "Еразмус" денеска се приведени од полицијата. Станува звор за професорите Б.Ш. , Д.Ј. и С.Р.

Покрај нив приведен е и асистентот Д.Д. како и сопственикот на бифето во Економскиот факултет Д.Т.

Покрај нив уште три лица се повикани сами да се јават на распит во полициска станица.

Како што веќе објавивме сите се сомничат за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела.

Press24 веќе објави дека при претресот се најдени и пари.

Нашите извори велат дека МВР неколку години наназад работело на документирање на случајот бидејќи подолг период се говори и меѓу студентите и меѓу јавноста за незаконското работење на дел од кадарот на Економски факултет. Според првичните сознанија од истрагата лицата имале разработен систем. Се проверува и инволвираноста и на лица кои работеле во угостителските објекти на факултето

 
 
06.06.2016 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега