Пијани „летале" со авотомобилите на скопските улици - три лица во болница

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 17 сообраќајни незгоди од кои девет поминале со материјална штета, а во пет со полесни повреди се здобиле 14 лица. Во три  незгоди  со последици  тешки телесни повреди се здобиле три лица.    

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Осум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица за време на управување на моторните возила биле под дејство на алкохол, а тројца поминале на црвено светло  на семафор. Десет возачи за време на  управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон

Затекнати се и четворица  возачи  кои за време на управување на велосипед со мотор,  мопед и  мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на  специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 50 возила.

Од СВР Сопје информираат дека во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во Детската Градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Пепелашка“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар. 

 
 
07.06.2016 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега