Страшна железничка несреќа во Македонија
Страшна железничка несреќа се случи во 13 часот и 45 минути во селото Дељадровци. Шинско возило во сопственост на „Македонски железници“, кое одело на делот од пругата помеѓу железничка станица Куманово кон железничка станица Миладиновци, на обележан железнички премин со звучна и светлосна сигнализација во селото Дељадровци, удрило во возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О.
Железничкиот сообраќај бил во прекин до 17.00 часот.
Извршен е увид, а повредени лица за среќа нема.
07.06.2016 - 13:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа