Драма во Света Петка: Пукање и крвав инцидент

Драма се одвивала синоќа во селото Света Петка во Скопско во 19 часот и 10 минути. Според податоците од полицијата, 41-годишниот А.С. и 29-годишниот З.С. од една страна и од друга страна, 26-годишниот А.Џ. и 19-годишниот Е.Џ. се степале, при што во тепачката едно од лицата извадило и пиштол.

Според податоците, З.С. се здобил со прострелна повреда на десна подколеница, а со телесни повреди се здобил и А.С. по што истите биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ додека во Ургентен бил донесен А.Џ. кој се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата и тоа скршеница на череп, по што бил задржан на лекување.

На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од полицијата.

 
 
18.06.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега