Страшна сообраќајка ја разбуди Македонија: Едно лице загина

Страшна сообраќајка на автопатот А1 Неготино-Демир Капија се случи утрово во 05 часот и 20 мминути  во близина на хотел „Парк", информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес. Едно лице загина, а четири се повредени откако патнички автомобил „Daewoo“ со српски регистерски ознаки удрил лево во заштитна еластична ограда од автопатот и се префрлил на другиот коловоз автопатот А1 правец Демир Капија-Неготино.

Во несреќата починало едно лице, а останатите четири лица се здобиле со телесни повреди. Сите повредени биле пренесени во Медицинскиот центар Велес.

- Увид на лице место изврши надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.  Во времето од 05:20 до 08:30 часот на правецот Неготино-Демир Капија сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента, додаде Стојковска.

 
 
01.07.2016 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега