Полицијата го фати: Велешанец во возилото собрал 73 мигранти (ФОТО)

Во 06 часот од страна на полицајци за Граничниот премин „Белановце“, на локалниот пат од селото Речица-селоВаксинце, при контрола на возило Волво со скопски регистерски ознаки биле пронајдени мигранти.

Се работи за 35-годишниот М.Д. од Велес во чие возило биле пронајдени 73 мигранти од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш кој ги превезувал за одреден паричен надоместок.

 

Истиот е приведен и во моментов се врши разговор. Известен  е јавен обвинител за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
02.07.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега