Ветено-остварено: Реализирани голем број барања на граѓаните од теренските посети

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера одржа состанок со неколку градоначалници, министри и заменици министри, како и претставници од разни државни институции на кој се разговараше за барањата на граѓаните кажани при теренските посети. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе реализирани, дел се во тек и завршна фаза.

-Ние ќе го разгледаме ова, ќе доставиме до општината предмет што треба да се поправи на самата фекална канализација за да може општината да ја реконструира и да ја примиме во наш систем, истакна при посетата на општина Карпош во ноември минатата година директорот на ЈП „Водовод и канализација“ по барањето на жителите од Злокуќани за канализациона мрежа.

-Бевме низ неколку населени места во Карпош и се дискутираше за повеќе работи околу канализациона мрежа во селото Злокуќани, истакна Груевски на вчерашниот состанок на што градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски посочи дека најголем дел веќе се завршени или се во тек на изведба.

При посетата на општина Гази Баба кон крајот на март годинава, жителите од скопско Инџиково побараа од Груевски да се направи индустриска зона бидејќи како што рекоа локацијата е одлична.

-Да се направи бидејќи одлична е локацијата, на самиот влез на Скопје и со тоа во голем дел ќе се решат вработувањата на ова население кое е големо, предложија граѓаните.

Градоначалникот Тони Трајковски, пак, истакна дека имало заинтересирани инвеститори кои сакале да градат и сметаше дека планот треба да продолжи. На вчерашниот состанокот беше разгледано до каде се работите околу изградбата на индустриската зона.

-Овде сме во завршна фаза на деталниот план. Некаде крајот на неделава имаме седница на совет, да ги добиеме согласностите од институциите, ако го донесеме. Тоа е првата фаза, паралелно со деталниот план го работиме и проектот на инфраструктура. Ќе знаеме колку средства се потребни за водовод, канализација, истакна Трајковски.

Жителите на селото Вирче, делчевско при посетата на Груевски на Делчево побараа санирање и асфалтирање на неколку улици.

-Ние сме планирале три улици во градското подрачје. „Светозар Марковиќ“ е една од нив, ќе има атмосферска канализација, влечењето на вода поради што пропаѓа асфалтот ќе биде решено, истакна градоначалникот Дарко Шехтански во март годинава.

На вчерашниот состанокот тој потенцираше дека она што било побарано од граѓаните и ветено е реализирано и завршено.

-Канализационата мрежа е завршена, тоа што беше нотирано од селаните дека не се задоволни од прекопите, сето тоа е санирано и на ниво како што побараа. Истото важи и за игралиштето кое беше оштетено, и тоа е решено како што треба, истакна градоначалникот.

За време на посетата на општина Радовиш во март, жителите од селото Подареш побараа изградба на локален пат кој ќе се поврзе со патот Радовиш-Струмица.

-Тоа е веќе локален пат во должина од 4 километри. Интензивно се гради. Гранит е изведувач и очекувам до крајот на годината да бидат завршени и во целост да им излеземе во пресрет, информираше градоначалникот Сашко Николов.

-Децата ги носиме во амбулантите во Чаир и Бит Пазар на дежурен лекар. Би сакал да замолам ако може барем една амбуланта со 24 часовна покриеност со педијатар, доктор за општа медицина, ако има можност за некоја лабораториска анализа да можеме тука да одиме, побараа граѓаните од општина Чучер Сандево од Груевски при неговата посета на општината во февруари годинава.

-Еден месец после посетата ме информираше Тодоров дека се отвори пунктот во амбулантата во Сандево, посочи Груевски на вчерашниот состанок.

Во општина Ѓорче Петров се градат подрачни простории на основното училиште „Поп Георгиев Беровски“

-Петтолетката е во завршна фаза, новиот објект се очекува во септември да биде функционален. Паралелно распишавме тендер за изработка на проект на 9-летката. Чекор по чекор како што беше ветено се реализира за граѓаните на Хром, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Патот беше тесен и има голем проблем, многу сообраќајки и најголемо барање нивно е да се направи патот, истакна градоначалникот на општина Неготино при посетата на Груевски.

-Се работи. 1100 жители е сериозна бројка и треба да се помогне плус и Армијата, посочи Груевски.

-Новиот пат во Криволак во моментов се асфалтира и во текот на утрешниот ден ќе биде конечно асфалтиран во должина од три километри и широчина од 3,5 метри. Издејствувавме уште 300 метри една улица која е доста фреквентна во самото место Криволак да се асфалтира, информираше вчера Ванчо Апостолов градоначалник на општина Неготино.

 
 
13.07.2016 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега