Времето утре повторно изненадува - спремете се за тоа што доаѓа

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, која повеќе ќе биде застапена во источните делови од земјава.  Ќе дува слаб, а во западните делови повремено умерен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 32 до 39  степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб ветер од западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 39 степени.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено повеќе во северните делови на земјава. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува претежно облачно, ветровито и доста свежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата. 

 
 
13.07.2016 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега