Иницијатива за социјална вклученост на млади со оштетен вид

Здружението на граѓани „Младите можат“ организира настан за поттикнување на социјалната вклученост на млади со попречен вид, симболично насловен „На кафе зад превезот“. 

Целта на настанот е да се разбуди свеста на луѓето за животот на младите со оштетен вид и потребата за нивна поголема социјална инклузија.

- Во склоп на настанот ќе се одржи симулација на која учесниците ќе имаат превез на очите со што би го искусиле секојдневното функционирање на младите со попречен вид и би се ставиле „во нивни чевли”, соопшти организаторот. 

Настанот е дел од проектот „Младински лидерски иницијативи“, реализиран од „Младите можат“ во партнерство со „Симбиотика“ и со поддршка од програмата „ЦИВИКА Мобилитас“.

 
 
14.07.2016 - 08:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега