ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија во жолта фаза - потоа пресврт со времето

Територијата на цела Македонија денеска ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, најави метеоалармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени.  УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје ќе биде сончево и многу  топло со слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 20 до 39 степени.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд.

Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата.

 
 
14.07.2016 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега