АПЕЛ: Пеколот ја зголеми опасноста од пожари - бидете внимателни!

Дирекцијата за заштита и спасување известува дека, поради зголемувањето на надворешните температури и сушниот период што претстои, се зголемува и опасноста од настанување на шумски пожари и други пожари на отворен простор, а ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите граѓани и субјекти во заштитата од ваков вид пожари.

            Дирекцијата за заштита и спасување, согласно Законот за заштита и спасување и Законот за шумите, презема мерки и активности за превентивно делување во врска со заштитата од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор во наредниот период.

Како неопходни мерки за намалување на опасноста од наста­ну­ва­ње на шумски пожари и други пожари на отворен простор, Дирекцијата за заштита и спасување ги посочува следните предупредувања до сите граѓани на Р. Македонија:

 ·         да не се пали оган на отворен простор и на необезбедени места

·        

да не се палат стрништа, меѓи и други површини

·        

да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад

·        

да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал

·        

да не се фрлаат остатоци од цигари и догорчиња

·        

до колку се забележи ваков пожар, веднаш да се извести ТППЕ на

·        

бесплатниот телефонскиот број 193.

·        

да се следат и почитуваат известувањата и предупредувањата на

 

·        

надлежните служби и државни органи.

 
 
14.07.2016 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега