Груевски денеска со набиена агенда во Струга и Вевчани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес ќе оствари посета на општините Струга и Вевчани.

Според најавите тој  ќе изврши увид во активности при доградба на спортска сала во ОУ “Климент Охридски” во селото Дрслајца, струшко, а во Лабуништа ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на спортска сала во ОУ “Мурат Лабуништа”.

Планирано е Груевски да оствари посета на доградба на амбуланта, како и да се сретне со жителите на Лабуништа.

Во Вевчани, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на отпочување на уредување на кејот на реката Вевчанска и уредување на патот до спортска сала, градинка и училишна зграда, а ќе оставри средба со жителите на Вевчани. Планирано е да изврши увид и во активностите за изградба на канализација во Вевчани.

Груевски оствари посети и на изградена трибина на Отвореното ракометно игралиште во Струга, а ќе го посети Детското одморалиште “25 Мај” Струга во кое летуваат деца од семејства со социјален ризик.

 
 
15.07.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега