Одморот за малку ќе се претвореше во трагедија: Дете за влакно избегна смрт во Струга

 

Летниот одмор за малку ќе се претвореше во трагедија во Охрид. Како што јавува охридскиот портал Охрид 1, попладнево детенце за малку ќе се удавело на плажите во Струга.

Според податоците од порталот, несреќата се случила попладнево на струшките плажи, а девојчето кое доживеало незгода, веднаш било пренесено во болница во тешка состојба, каде лекарите и го спасиле животот.

Претходно, девојчето кое влегло со педалинка во езерото, при мало невнимание се лизнало и паднало, пренесува порталот.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

 
 
20.07.2016 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега