Пекол во Скопје
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 27 до 38 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
Температурата ќе достигне до 36 степени.
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа