Гостивар: Пукањето на веселба ќе завршело кобно
Пукотници вчера се слушале во Гостивар. 37-годишниот Ј.А. од селото Долна Бањица, пријавил дека 55-годишниот З.М. од селото Балин Дол, при семејна веселба, од неговиот пиштол, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми во воздух. Испуканите проектили завршиле во куќата на Џ. Ј. од селоо Чајле и предизвикале оштетување на кровната конструкција.
З.М. бил приведен од полициски службеници.
25.07.2016 - 13:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа