Пукотници се слушале во Глумово

 

Во 20 часот и 20 минути во селото Глумово, скопско, непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукал повеќе куршуми. Притоа, еден од испуканите проектили завршил во предната хауба од возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 42-годишниот Х.С. од селото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
25.07.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега