Ужас во Битола: Допирал малолетничка за телото па ја претепал со синџир
Двајца малолетници вчера биле претепани пред влезот од својата зграда. Во 12 часот на улицата „Бистра“ во Битола, седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј. било пресретнато од 46-годишниот В.К. кој застанал пред неа и со рака ја фатил во пределот на градите.
Д.Ј. со раце го отурнал насилникот кој извадил синџир и го удрил во пределот на главата, а потоа, уште неколку пати го удрил и девојчето во пределот на раката и лицето.
По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници В.К. е пронајден и лишен од слобода.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа