Тетово: Дете претепано пред влез
Во полиција во Тетово синоќа околу 21 часот 36-годишниот Б.Д. пријавил дека додека неговиот тринаесетгодишен син седел со негови другари пред влезот од зградата, дошле Л.Ц. и Д.Н. кои без причина физички ги нападнале. Л.Ц. се обидел да го удри неговиот син, кој успеал да му ја фати раката. Во тој момент другиот насилник го удрил со тупаница во пределот на главата, по што двајцата побегнале.
Малолетникот бил однесен во Клиничка болница Тетово каде му е констатирана телесна повреда, по што е пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
26.07.2016 - 12:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа