Македонците во Србија го прославија Илинден

Македонците во Србија покрај двојниот Илинден, го одбележуваат и јубилејот 70-години од колонизарањето во Војводина, објави МРТ.

И овој Илинден ги обедини Македонците од Врање до Суботица, каде што веќе со денови се чествува најголемиот македонски празник. Централната прослава годинава се одржува во најмакедонските места во Србија-во Качарево и во Јабука. На нашите деца треба да им предадеме посреќна, побројна и посплотена македонска заедница во Србија-порача добитникот на медалот за заслуги за Македонија, претседателот на Националниот совет Борче Величковски.

Со полагање венци и цвеќе на бистата на Гоце Делчев во Јабука, почит на Илинденските херои им одадоа преставници на бројните македонски здруженија во Србија.Централната прослава продолжува со спортски игри, а ќе заврши со голем илинденски собир во Качарево со настап на КУД Распеани Паланчани, дуетот Селимова- Желчевски и вокалните групи Тоше Проевски и Македонки од Белград.

 
 
03.08.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега