Индустриското производство пораснало за 1,9 отсто за една година

 

 

Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани бележи пораст 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, индустриското производство бележи пораст од 1,8 отсто во периодот јануари - јуни 2013 година , во однос на истиот период минатата година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст од 6,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,7 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, пораснало кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,3 отсто, Капитални производи за 10 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 отсто, а пад има кај Енергија за 4,4  отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,1 отсто.

најчитано сега