Најавена помош од 10 држави: Пристигна помошта од Унгарија за поплавените
Најавена е помош од 10 држави, а од четири е веќе пристигната и е внесена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Опремата се дистрибуира на терен.
Ова денеска го истакна директорот на ДЗС Шабан Салиу на примопредавањето на помошта од Република Унгарија.
- Унгарија денеска донираше материјално технички средства, вреќи за спиење, кревети, лопати, хигиенски влошки, маски... Ова претставува еден дел од опремата што ќе биде донирана. Од амбасадата најавуваат дека вториот контигент од околу четири камиони треба да пристигне наскоро, информира Салиу.Директорот Салиу се заблагодари на сите држави кои помогнаа досега.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа