Пешевски на поставувањето камен-темелник на рудникот во Казандол
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето на камен темелникот и почеток на изградбата на Рударскиот комплекс за производство на катоден бакар – Казандол, Валандово.
За потсетување, ова е важна инвестиција, прв рудник кој се гради во Македонија по 40 години.
На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација. Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина. Инаку, во првите седум години се очекуваат приходи од близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.
Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа