Qatar Airways бара стјуардеси од Македонија
Еден од најголемите авиопревозници Катар Ервејс на 10 септември ќе врши регрутација на кабински персонал во Скопје.
Регрутацијата ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин во 9 часот.
Треба да имате најмалку 21 година, распонот на рацете да не ви биде помал од 212 сантиметри, да имате завршено најмалку средно образование и течно да зборувате но и добро да пишувате на англиски јазик. Потребно е да сте во добра здравствена и физичка кондиција и да сакате да се преселите во Доха.
Повеќе детали ќе најдете на овој линк.
29.08.2016 - 22:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа