Во вториот квартал годинава 6.687 слободни работни места

 

Во Македонија во вториот квартал годинава се регистрирани 6.687 слободни работни места.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во второто тримесечие од годинава изнесувала 1,38 проценти.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ и изнесува 3,66 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,10 проценти.

Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, 1,88 проценти.

Со највисока стапка на слободни работни места, 2,30 проценти, е Југоисточниот регион. 

Најголем број слободни работни места, односно 2.398, има во групата на занимања „работници во услужни дејности и продажба“

 
 
02.09.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега