Отворање на првата Менаџерска школа за инженери
Научно-истражувачкиот институт ИЕГЕ денеска ќе ја отвори првата Менаџерска школа за инженери во Македонија (МИМ).
Школата е единствена од ваков тип и во регионот. Опфаќа инженери од сите области кои имаат потенцијал и јасна визија да се насочат кон менаџерски и лидерски позиции.
Првата менаџерска школа за инженери е основана со цел создавање конкурентни кадри кои преку својот професионален развој ќе обезбедат развој и на својата компанија, но и на пазарот на кој дестуваат. Специјализирана е за развој на менаџерските и лидерските вештини во инженерството, а е формирана согласно потребите кои на инженерите и на компаниите во кои работат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа