СИТЕЛ: Над 400.000 работници чуваат 735 милиони евра во приватните пензиски фондови

 

Во пензиските фондови од вториот столб досега се акумулирани 721 милион евра на осигурениците.

Двете пензиски друштва кои ги управуваат и инвестираат овие пари бројат 417 илјади членови за кои учеството во вториот столб е задолжително, додека во третиот столб кој е доброволен 20 илјади граѓани досега уплатиле 14 милиони евра.

Супервизорот МАПАС вели дека активно работи на зголемување на запознавање на граѓанитесо нивните права, обврски, но и можности во сферата на пензијата.

Дервиши речедека нема нови доцења во префрлањето на парите од државниот кон приватните фондови.

Претставниците на ПИОМ потенцираа дека овој фонд е стабилен и одржлив и дека најавеното покачување ќе се исплаќа со ноемврските пензии.

Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување или втор столб пензиски столб почна да функционира од 2006 година. Во него задолжително се уплаќа дел од пензискиот придонес на сите лица вработени од 2003-та наваму, а останатите можат да учествуваат во него по избор. Во 2008 стартуваше и трет, доброволен пензиски столб.

 
 
15.09.2016 - 20:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега